ЕХФ ги објави имињата на трите Русинки позитивни на Мелдониум

Три ракометарки кои беа дел од репрезентацијата на Русија на Европското првенство до 19 години се привремено суспендирани откако беа позитивни на допинг тестот. Тие биле позитивени на Медлониум (истата супстанца поради која беше суспендирана и тенисерката Марија Шарапова), супстанца која е на забранетата листа на ВАДА од почетокот на 2017 година.

Се работи за ракометарките Антонина Скоробогатенко, Марија Дувакина и Марија Дудина, кои со Русија го освоија второто место на Европското првенство во Словенија.

Според членот 10 од ЕХФ правилникот за анти-допинг доколку се утврди дека повеќе од двајца членови на тимот извршиле повреда на анти-допинг правилото за време на некое натпреварување, надлежното правно тело ќе побара соодветна санкција за федерацијата. Веќе е почната постапка против Ракометната федерација на Русија, а од одговорните лица, како и од ракометарките се чека изјава.