„На крилата на победата” ќе ја подгрева атмосферата на ЕП во Хрватска (ВИДЕО)

На помалку од 40 дена до стартот на Европското првенство во Хрватска промовирана е официјалната химна на континенталниот шампионат, „На крилјата на победата“ или во оригинал „Na krilima pobjede“ во изведба на познатата пејачка Индира Левак.

Навивачката еуфорија може да почне, а македонските навивачи веќе можат да го планираат својот престој во главниот град на Хрватска. Македонија е во група со фаворизираните Германија и Словенија, како и Црна Гора.