ЕУРО 2016 АНАЛИЗА: ВТОР НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДЕН

Вториот ден на Европскотo првенство на ред дојдоа екипите од групите Ц и Д. За место во втората фаза во Вроцлав ќе се борат Шпанија, Германија, Шведска и Словенија, додека во Гданск, Данска, Унгарија, Русија и Црна Гора.

300x250

По првиот натпреварувачи ден во овие две групи фаворитите обезбедија предност пред вториот круг кој на програмата е на 18.01.2016.

Шпанија 32-29 Германија

Во групата Ц се наоѓа можеби и најголемиот фаворит за освојување на титулата (заедно со Франција), репрезентацијата на Шпанија. Иако забележаа два бода, тие не победија лесно на дуелот со Германија. Германците предвреме не се предадоа и по првите 6 минути водеа со 6-4. Во 10-та минута имаа предност од 10-9, за потоа Шпанците да направат серија од 9-1 и да поведат со 18-11. Тука започнува сосема друга приказна во која екипата на Дагур Сигурдсон направи серија од 4-0.

Во првите 15 минути од второто полувреме се играше гол за гол (26-22), но во 47-та минута серијата на Германците ги приближи на 26-25 и тука завршува германската приказна. Шпанија ја превзема контролата над натпреварот со серија од 5-0, а во тоа помогнаа Арпад Штербик кој одбрани 13 удари, Валеро Ривера беше најефикасен со 7 голови, а Томас му се придружи со шест. Колку е моќна Шпанија говори фактот дека сите ракометари освен Миндегија и голманите се запишаа во листата на стрелците.

Шведска 23-21 Словенија

Селекторот Веселин Вујовиќ во својата премиера на голмемите натпреварувања со репрезентацијата на Словенија, за малку ќе приредеше сензација против Шведска.

По првите 10 минути во кои Словенија водеше со 3-2, на полувреме двете селекции заминаа со уверливи 16-9 на контото на Шведска.

Три минути од вториот дел беа доволни за Шведска да ја достигне највисоката предност 18-10, тука Вујовиќ и екипата започнуваат да се подигнуваат. Во тринаесет минути направија серија од 8-1, Зорман, Габер и Гајиќ постигнаа по два, додека Цингесар и Кавтичник по еден за да ја донесат Словенија на гол негатива, 19-18, а со погодокот на Бомбач во 50-та минута дојдоа во егал 20-20. Во 55-та минута при изедначен резултат, Гајиќ промашува пенал, а Кондрадсон и Лукас Нилсон ја донесоа победата на Шведска.

Унгарија 32-27 Црна Гора

Унгарија немаше проблеми со, по многумина, најслабата екипа во група Д. Составот на Љубомир Обрадовиќ по полувремето кое го загуби со 16-12, најмногу што можеше да направи во продолжението, го направи до 48-та минута кога преку Шеваљевиќ и Чавор дојдоа до -2 (23-25). Следеше серија од 4-0 за Унгарците која ги докрајчи Црногорците чија наслабата алка им беа голманите (Мијатовиќ не одбрани ниту еден од 16 удари, додека Ристановиќ имаше четири интервенцции и еден седмерец од 21 удар кон голот).

Данска 31-25 Русија

Шестте погодоци предност на Данска пред Русија можеби не е најреалниот резултат (слично како натпреварот меѓу Македонија и Франција), бидејќи на полувреме Русите имаа 13-13 и држеа приклучок се до 52 минута кога бркаа минимална негатива, а резултатот беше 24-23. Но на крилата на фантастичниот Ландин (15 одбрани и два седмерци), Данците прават серија од 6-1 и само за пет минути ја победија до тогаш опасната Русија. Одлична партија во дресот на Данска пружи Дамгард кој постигна четири погодоци исто како и Микел Хансен.