Еурофарм тренираше во Лисабон (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Работник ги чека натпреварот од седмото коло во Лигата на шампионите против португалскиот вицепрвак Спортинг Лисабон.

Избраниците на Стевче Алушовски го одработија последниот тренинг пред возвратниот натпревар со ривалот од кој загубија во првото коло во Битола.

Алушовски нема да смета на десниот бек Невен Стјепановиќ, кој ги скина лигаментите, а во ростерот не се ниту Милорад Кукоски и Никола Маркоски.

Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Спортинг Лисабон се игра утре од 19:30 часот.