Еурофарм Работник ќе игра во Лигата на шампионите!

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник ќе игра во најелитното европско клупско натпреварување – Лигата на шампионите.

Битолскиот тим доби вајлд карта, додека Металург oваа сезона бараше дополнително место но не го доби и ќе биде дел од второто по ранг натпреварување, ЕХФ Купот.

Шампионот Вардар ќе игра директно во групната фаза, во групите А и Б, додека битолскиот тим ќе биде сместен во Ц или Д групата.

Ждрепката за групите ќе се одржи на 27 јуни во Виена, а тогаш ќе бидат познати и ривалите на македонските тимови.