Еурофарм Работник убедлив во Радовиш за нови лесни три

Лидерот во Супер машката лига, Еурофарм Работник сосема очекувано дојде до три бода на гостувањето во Радовиш на заостанатиот меч од 11. коло со 43:25. Битолчани доминираа во текот на целата средба, па ова беше само потврда на квалитетот кој го поседуваат сезонава.

Радовиш ја имаше можноста да го постигне првиот гол на мечот и да поведе преку Лука Бујиќ, но потоа работите се изменија набрзина. Гостите поведоа со 3:1, а овие два гола постепено се надополнуваа и до полувремето станаа десет разлика.

Вториот дел од средбата беше формалност. Гостите продолжија да го полнат голот на радовишани, а тоа овозможуваше мирна завршница. Речиси сите ракометари кои добија шанса за да играат се запишаа меѓу стрелците и придонесоа за победата со која само се потврдува првото место на табелата.

Со новата победа Еурофарм стигна до предност од 12 бода во однос на петтопласираниот состав што значи дека уште пред паузата може да го потврди местото во плеј-офот напролет.

РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК    25:43 (11:21)

Сала: 25 Мај во Радовиш. Гледачи: 400. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

РАДОВИШ: Паунов, Мицев, Тушев, Атанасов, Илиев 7, Долдуров, Колоски 5, Ѓорѓиев, Симиќ 1, Ристов 1, Органџиев, Димов 3, Бујиќ 8.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 2 мин.

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК: Чаневски, Трајкоски, Иваноски, Ојлески 4, Пецаковски, Талевски 6, Чурлевски 3, Мемиќ 3, Кузмановски 5, Кукоски 2, Крстевски 2, Граџан 9, Ѓукиќ 7, Петровски 1, Блажевски, Каковски 1.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 2 мин.