Еурофарм Работник е шестиот македонски тим што ќе игра во Лигата на шампионите

Битолски Еурофарм Работник стана шестиот тим од Македонија што ќе биде дел од најелитното клупско европско натпрварување, Лигата на шампионите.

По Преспа Јафа, Борец, Пелистер, Металург и Вардар, тимот предводен од Стевче Алушовски ќе се обиде да ја оправда довербата на Европската ракометна федерација и спонзорот.

“Фармацевтите” го освоија второто место во Суперлигата зад Вардар и аплицираа за вајлд-карта, а ЕХФ позитивно одговори на нивното барање, па битолчани ќе бидат дел од Ц и Д групите во ЛШ.

Рекордер по настапи во ЛШ е Вардар со 12 сезони, Металург има играно 10 пати, Пелистер пет пати, додека по еднаш играа тимовите од Велес и Ресен.

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне во втората седмица од септември.