Еурофарм Работник денеска одмора, утре ќе брка финале на турнирот во Добој

На турнирот во Добој денеска е трет ден од натпреварите по групи, а ракометарите на Еурофарм Работник се слободни. Тие може да одработат тренинг и да го чекаат дуелот против Пекинг Универзитет предвиден за утревечер на кој ќе се борат за место во финалето.

Денеска има нови три средби, а од групата А каде што е Еурофарм Работник играат само Луцерн против Пекинг Универзитет и тука се чека резултатот кој ќе биде важен секако за утре за битката за место во финалниот дуел на турнирот.

ГРУПА А

СЛОГА ДОБОЈ – ПЕКИНГ УНИВЕРЗИТЕТ               30:28 (14:13)

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ЛУЦЕРН          24:24 (13:14)

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – СЛОГА ДОБОЈ              26:24 (11:13)

ЧЕТВРТОК, 22 АВГУСТ

17:30ч

ЛУЦЕРН – ПЕКИНГ УНИВЕРЗИТЕТ

ПЕТОК, 23 АВГУСТ

19:15ч

СЛОГА ДОБОЈ – ЛУЦЕРН

21:00ч

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ПЕКИНГ УНИВЕРЗИТЕТ

ТАБЕЛА: 1. Еурофарм Работник 3 бода (50:48); 2. Слога Добој 2 (54:54); 3. Луцерн 1 (24:24, -1 меч); 4. Пекинг Универзитет 0 (52:54, -1 меч)

ГРУПА Б

ТАТРАН ПРЕШОВ – ИЗВИЃАЧ    34:16 (17:11)

ШАРТ – ТАТРАН ПРЕШОВ           24:25 (17:17)

ИЗВИЃАЧ – ВОЈВОДИНА              22:27 (10:16)

ЧЕТВРТОК, 22 АВГУСТ

19:15ч

ТАТРАН ПРЕШОВ – ВОЈВОДИНА

21:00ч

ИЗВИЃАЧ – ШАРТ

ПЕТОК, 23 АВГУСТ

17:30ч

ШАРТ – ВОЈВОДИНА

ТАБЕЛА: 1. Татран Прешов 4 бода (59:40); 2. Војводина 2 (27:22, -1 меч); 3. Шарт 0 (24:25, -1 меч); 4. Извиѓач 0 (38:61).