Еурофарм Работник го потврди засилувањето: Остроушко во составот за дуелот против Спортинг

Од таборот на Еурофарм Работник потврдија дека на средбата против Спортинг в недела ќе имаат засилување во бековската линија во ракометарот од Украина кој и минатата сезона беше дел од составот на битолчани. Владислав Остроушко се враќа меѓу битолчани и со него клубот добива на цврстина во одбраната и на многу повеќе избор за нападот и секако силен шут од далечина.

Остроушко играше минатата сезона во Еурофарм Работник, но не се договори за продолжување на соработката. Потоа беше познато дека ќе се пресели во екипата на Дунареа од Романија, но во последните денови откако битолчани почнаа да бараат уште еден бек влезе во комбинација и се врати назад.

Како што објави 24 Ракомет пред два дена Остроушко ќе биде одлично засилување и сигурно Еурофарм Работник ќе биде многу поконкурентен со сите ривали.