Еурофарм ги собира репрезентативците: Мартин Велковски потпиша договор на четири години!

По Никола Митревски и Бојан Маџовски, како и словенечкиот интернационалец Анже Ратајец, тимот на Еурофарм Работник донесе уште едно засилување.

Станува збор за десниот бек Мартин Велковски, кој ја пропушти скоро цела измината сезона поради повреда, но ќе биде подготвен за новите предизвици и потпиша четиригодишен договор.

Тој досега ги бранеше боите на тимот на Металург, а битолската екипа ќе биде само втора во неговата кариера.

Со ова се остваруваат најавите на 24Ракомет уште пред два месеци за преселбата на Велковскии Маџовски во Еурофарм Работник. Сега останува уште отворено прашањето за статусот на Марио Танкоски и неговата евентуална преселба во Битола.