ЕП 2024 ќе биде отворено пред 50.000 гледачи во Германија

После доделувањето на организацијата за Европските првенства во 2022 година падна одлука и каде ќе се игра шампионатот во 2024 година во машка конкуренција. Првпат тоа ќе биде во Германија која досега има организирано само Светски шампионати.

300x250

Овие првенства беа во 2007 (машко) и во 2017 (женско) година и имаше голема посетеност, па тоа беше и адутот на Германците за Европското првенство. Воедно во јануари Германија е домаќин на уште еден Мундијал заедно со Данска.

Инаку, на отворањето на овој шампионат се очекува да има околу 50.000 гледачи, со оглед на тоа дека истото се пласира на стадионот во Диселдорф. Стадионот „Еспирит“ беше и адутот на Германците за добивањето на организацијата на овој шампионат.