ЕП ЗА МЛАДИНКИ: Шест селекции обезбедија виза за втор круг

Дури шест репрезентации на Европското првенство за младинки, кое се одржува во Ѓер си обезбедија место во вториот круг и ќе разигруваат за пласман во полуфиналето.

Во Групата А селекциите на Русија и Франција дадоа потврда дека имаат добри состави и в недела меѓусебе ќе се борат за пренесување на бодови.

Групата Б досега има еден сигурен патник во вториот круг во Холандија која ги доби двта дерби дуели. Германија и Данска во меѓусебна пресметка ќе одлучат само за место во втората фаза.

Домаќинот Унгарија исто така оди во втората фаза, а в недела ќе се бори за пренесување на бодови. На Шпанија и треба добар резултат за да оди понатаму додека на Црна Гора ќе и треба висока победа ако сака место во следниот круг (тоа доаѓа предвид ако Унгарија ја совлада Шпанија).

Во Групата Д исто како во А групата решено е кој оди понатаму, а в недела е прашање кој со колку бодови ќе го дочека вториот круг. Селекциите на Норвешка и Романија покажаа најмног по првите две кола.

EВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА МЛАДИНКИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

ГРУПА А

СЛОВЕНИЈА – ФРАНЦИЈА           16:28

СЛОВАЧКА – РУСИЈА    13:46

ТАБЕЛА: 1. Русија 4 бода (82:34); 2. Франција 4 (56:37); 3. Словенија 0 (37:64); 4. Словачка 0 (13:46.

ГРУПА Б

ХОЛАНДИЈА – ДАНСКА               24:20

ХРВАТСКА – ГЕРМАНИЈА            16:26

ТАБЕЛА: 1. Холандија 4 бода (55:50); 2. Германија 2 (56:47); 3. Данска 2 (44:42); 4. Хрватска 0 (34:50).

ГРУПА Ц

АВСТРИЈА  – УНГАРИЈА 31:39

ЦРНА ГОРА – ШПАНИЈА              21:21

ТАБЕЛА: 1. Унгарија 4 бода (66:49); 2. Шпанија 3 (54:43); 3. Црна Гора 1 (39:48); 4. Австрија 0 (53:72).

ГРУПА Д

ПОРТУГАЛИЈА – НОРВЕШКА     27:30

ШВЕДСКА – РОМАНИЈА              20:30

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 4 бода (63:43); 2. Романија 4 (58:46); 3. Португалија 0 (53:58); 4. Шведска 0 (36:63).