ЕП во ракомет на плажа: Познати термините за натпреварите на мажите

Машката репрезентација во ракомет на плажа ќе биде дел од претстојното Европско првенство што ќе се одржи во Полска.

По седум години апстиненција од големите натпреварувања, Македонија се враќа меѓу селекциите што ќе играат на ЕП во полското гратче Старе Јаблонки од 2 до 7 јули.

Веќе се познати и термините на сите натпревари од првата фаза, а сите четири ќе бидат одиграни во два дена.

Распоред на натпревари:

2 јули, 14:15 часот, Украина – Македонија
2 јули, 17:15 часот, Италија – Македонија
3 јули, 11:45 часот, Македонија – Хрватска
3 јули, 14:45 часот, Македонија – Швајцарија

Подготовките на ракометарите ќе се одвиваат во Скопје, а почнуваат утре кога селекторот Србиноски, заедно со помошниците Танески и Андреева ќе ја направат прозивката.