ЕП во ракомет на плажа: Познати термините за натпреварите на жените

Женската репрезентација во ракомет на плажа ќе биде дел од претстојното Европско првенство што ќе се одржи во Полска.

По седум години апстиненција од големите натпреварувања, Македонија се враќа меѓу селекциите што ќе играат на ЕП во полското гратче Старе Јаблонки од 2 до 7 јули.

Веќе се познати и термините на сите натпревари од првата фаза, а сите четири ќе бидат одиграни во два дена.

Распоред на натпревари:

2 јули, 12:45 часот, Русија – Македонија
2 јули, 15:45 часот, Германија – Македонија
3 јули, 10:15 часот, Македонија – Данска
3 јули, 13:15 часот, Македонија – Украина

Подготовките на ракометарките ќе се одвиваат во Скопје, а почнуваат утре кога селекторот Србиноски, заедно со помошниците Танески и Андреева ќе ја направат прозивката.