Енди Шмид не можеше сам, па Норвежите и се придружија на Русија

Вкупно 12 гола од ракометарот на Рајн Некар, Енди Шмид не беа доволни за репрезентацијата на Швајцарија да се пласира на завршницата на Мундијалот во Германија и во Данска. Шмид одлично ги предводеше своите колеги до победа од 33:30 во Цуг, но тоа не беше доволно.

300x250

Кој оди понатаму од овој двобој беше јасно уште после првиот меч кога Норвешка стигна до триумф од 32:26. Tој дуел го одреди патот на Светското првенство, а Норвешка со тоа стана втората селекција после Русија која си обезбеди пласман на завршницата.

Иако загубија, Норвежаните имаа контрола на средбата бидејќи во првото полувреме беа во водство од 16:15. На оваа средба судеа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.