Ем тепани, ем казнети: „Рибари“ го чинат Охрид 60.000 денари!

Тимот на Охрид ќе мора да и плати на Ракометната федерација на Македонија 60.000 денари поради инцидентот што беше предизвикан од страна на нивната навивачка група „Рибари“ на натпреварот против Прилеп од 7. коло во Суперлигата. Судиите Начевски и Николов побараа испразнување на трибината каде што се наоѓаа охридските симпатизери, поради некоректно навивање и погрдни зборови упатени кон нив. Во салата немаше редари и полиција, па се чекаше да дојдат.

  • прекинот е на 6:11 на видео прилогот

Потоа трибината со помош на полицијата и нивните пендреци беше испразнета, а мечот продолжи. Навивачите на социјалните мрежи велат дека полицијата „непотребно употребила сила“ и дека ги претепала дел од гостите, а еден 17-годишен навивач се здобил со повреди на главата. Во најновиот билтен што го објави РФМ е објавена и казната за охридскиот клуб.

Максималната казна за ваков или сличен прекршок е 150.000 денари, но охриѓани поминаа со повеќе од една третина. Охрид следното коло гостува кај Еурофарм Работник во дербито на 8. коло.

Фото: Ohridnews.com