Емотивна бомба-ден подоцна: Атмосферата по завршувањето на последниот натпревар во “Јане Сандански” (ВИДЕО)

Ракометарките на Вардар полека но сигурно дојдоа до крајот на една приказна која не завршува по нивна желба. Сето она што се случуваше вчера во СЦ”Јане Сандански” само ја потврдува оваа наша констатација, а доколку некој се сомневаше во поинаков епилог нека го погледне следново видео.
Ракометарките и фановите заедно во солзи сведочеа на последниот натпревар на овој супер Вардар, кој по долго време не потсети на едни убави времиња кога друг ракометен женски клуб беше наша ракометна гордост. Но сето тоа кратко траеше. Вчера ракометарките ни дадоа директна потврда колку се приврзани за Вардар, за Скопје, за Македонија. Солзите говореа многу повеќе од се. За крај останува да се искачи и последното скалило од желби на самите ракометарки и сите љубители на црвено-црната вардарова боја. Освојувањето на Будимпешта треба да биде круна на петте неверојатни години исполнети со фантастичен ракомет, пет учества на Фајнл-фор турнирите во Будимпешта, тимски дух, поврзаност, другарство, љубов, семејство… ВАРДАР!

До тогаш, погледнете го овој видео материјал од пет минути кој во идина ќе сведочи за едно време, време во кое ЖРК Вардар беше тимот на самиот врв од светскиот женски ракомет.