Елена Ливриниќ во Романија

Македонската репрезентативка Елена Ливриниќ од следната сезона ќе го носи дресот на Данубиус Галаци. Левиот бек на македонскиот вицепрвак Металург од следната сезона ќе настапува во една од најсилните лиги во светот, откако потпиша договор со екипата која се враќа меѓу елитата наредната сезона.

Ливрниќ досега настапувала само за својот матичен клуб, а за националниот дрес има забележено 12 настапи.

Ливриниќ ќе и се придружи на репрезентативната колешка Дајана Јовановска во составот на Галаци, а во романското првенство ќе играат и против уште еден Македонец, Андон Бошковски кој ја превзема екипата на Роман од оваа сезона.