Екс-репрезентативци на клупа кај прволигашките тимови

Новата сезона во Првата машка лига стартува викендов, а во натпреварувањето ќе има 17 екипи откако составите на Весна Акумулатори и Младост 09 го откажаа своето учество.

Веќе е договорено натпреварите да се играат во две групи, а потоа ќе се знае кои клубови влегуваат во плеј-офот и во битка за првото место. Оттаму има голем број на тренери. Младост Богданци има дури четири, а меѓу нив е и поранешниот репрезентативец Митко Стоилов.

На клупата на Алушовски е исто така поранешен репрезентативец на Македонија, a станува збор за Александар Јовиќ. Има уште неколку познати тренерски имиња, а во продолжение можете да ги видите сите стратези кои ќе бидат на клупа на тим од Првата лига.