Екс вардарката се пресели во Унгарија: Марина Дмитровиќ потпиша за Кишварда

Поранешната ракометарка на Вардар, Марина Дмитровиќ во своето досие, ќе додаде и настапи во уште ракометна земја, Унгарија.  По финансискиот крах на романскиот Плоешти, каде последно настапуваше популарната Роки, таа реши да се пресели во тимот на Кишварда, кој сепак не е во елитната група не женски тимови во Унгарија.

Дмитровиќ е српска репрезентативка, чиј матичен клуб е Раднички Белград, а потоа играше за Ласта, Врњачка Бања и Јагодина, пред да дојде во Вардар, каде одигра две сезони. Потоа играше за турскиот првак Јенимахал.

Фото:csmploiesti.ro