Екс вардарец ќе игра за Железничар – дебитира во сабота против Вардар

Веселин Вујовиќ добива засилување пред двобојот со својот поранешен клуб Вардар, а играчот кој ќе биде помош во Железничар до крајот на сезоната е поранешен член на „црвено-црните“.

Вујовиќ се одлучи да го повика ветеранот Ратко Николиќ, кој ќе биде засилување за пивотменската позиција во екипата и со него Жечезничар треба да добие на искуство бидејќи се работи за поранешен репрезентативец на Србија кој има 41 година.

„Минатата година настапував за Шамот, а цело време сум во тренинг. Моите пријатели Веселин Вујовиќ и Иван Шмигиќ ме повикаа и не можев да ги одбијам и покрај приватните проблеми кои ги имам. Јас никогаш не можам да му кажам ’не’ на Вујо. Ниш ми е во срцето и го доживувам како свој град и ќе ми биде драго да бидам од некаква помош за Железничар на претстојните натпревари“, коментираше Николиќ.

На следната средба екипата на Железничар игра против Вардар во СЕХА-лигата. Мечот се игра в сабота од 20:15 часот, а може да се очекува Николиќ да дебитира на тој натпревар.