Екс-вардарец со тим од Втората лига сака меѓу најсилните во Словенија

Поранешен член на Вардар во новата сезона ќе се натпреварува во Втората лига во шампионатот на Словенија, а неговото присуство во тимот би требало да биде шанса за екипата на крајот од сезоната да слави пласман во најсилната лига.

Екипата на Изола успеа да го привлече во своите редови Матјаж Брумен кој, после завршувањето на соработката со Горење во 2018 година го носеше дресот и на екипата на Нексе.

Со тимот на Изола ќе му спедуваат големи предизвици, но најавува дека ќе се бори за да успее да му помогне на тимот да ги оствари амбициите. Има 35 години и уште може да игра на врвно ниво, но Брумен одлучи дека е време за намалување на интензитетот, па сега е дел од втората по квалитет лига во Словенија.

Брумен беше дел од Вардар од 2013 до 2016 година, а потоа година и пол го носеше дресот на Горење.