Екс-вардарец ги засили редовите на Војводина

Шампионот на Србија, Војводина успеа да се засили со репрезентативец на земјата, кој е поранешен ракометар на Вардар. Се работи за десното крило, Рајко Продановиќ, кој во последните две сезони играше за екипата на Мешков Брест.

Станува збор за искусен ракометар кој има 32 години, а тој во кариерата има играно и за шпанската Антекера и унгарските Веспрем и Пик Сегед. Во редовите на Вардар настапуваше во сезоната 2010/2011, а една сезона мина и во тимот на Рајн Некар.

Со Продановиќ, Војводина добива на искуство, но добива и добар играч и во нападот и во одбраната. Со ова тимот ќе биде поконкурентен во СЕХА-лигата, а во домашното првенство останува главен кандидат за титулата.