Екс-вардарецот се повреди на стартот од сезоната во Русија

Поранешниот ракометар на Вардар, Александар Деревен заработи нова повреда на коленото и тоа на самиот старт на сезоната во Супер лигата во Русија. Играчот кој лани триумфираше во Лигата на шампионите сезонава е дел од составот на Спартак од Москва.

Поради повредата на ногата, Деревен мора да паузира така што составот на Спартак извесен период ќе биде без неговите услуги.