ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: „Црвено-црна“ бајка во Келн

Кога последното свирче означи крај, а рацете на вардаровите фанови останаа кренати високо горе започна прославата на една неверојатна приказна. Вардар е новиот европски шампион. Вардар ги сруши гигантите Барселона и ПСЖ, Вардар одигра против традицијата, за бесмртност. Останатото е веќе историја…

Дел од атмосферата во Ланксес Арената веднаш по исполнување на сонот на секој вардарец и доделувањето на пехарите можете да ја почуствувате преку ексклузивниот видео материјал од жешкиот терен во Келн.