Една екипа од Словенија се откажа од играњето во СЕХА

После две сезони поминати во СЕХА лигата, екипата на Горење официјално објави дека нема да биде учесник во наредната сезона. Во претходните две сезони екипата го завзема петтото и шестото место, но нема да може да атакува на подобар пласман во новата сезона.

300x250

Причинaта за отсуството се должи на фактот дека екипата од Велење ќе треба да се натпреварува во домашниот шампионат уште од почеток и со самото тоа словенечкиот тим ќе добие 22 нови предизвици што ќе пренапорно за ракометарите.

За одлуката за напуштање на СЕХА лигата се огласи директорот на тимот, Рок Бизјак.

„Ние во Горење сакаме да нагласиме дека ни беше задоволство да бидеме дел од СЕХА лигата во претходните две сезони. Главната причина поради која не можевме да го обновиме искуството во СЕХА лигата е промената во националниот шампионат која носи 22 натпревари повеќе. Со ширината на нашиот ростер е невозможно да се натпреваруваме на четири фронта и со самото тоа ја информиравме СЕХА лигата дека нема да бидеме дел од ова натпреварување во наредната сезона“, изјави директорот на Горење.

Ова значи дека Вардар и Металург ќе имаат гостување помалку во Словенија, а останува да се види каков ќе биде одговорот и на Целје после промената на системот во домашното првенство.