Една, две три… Фантастичниот Милосављев за предност на Вардар на полувреме кај европскиот шампион (ВИДЕО)

Македонскиот првак ја започна новата сезона во Лигата на шампионите со дуел во Франција против актуелниот европски првак.

На гостувањето во Монпелје, Вардар на полувреме има предност од еден гол 11-12. Вардарци му парираа на европскиот првак во текот на целото полувреме, па иако имаа минимална негатива во поголемиот дел од првите триесет минути на крајот со голот на Чупиќ од пенал на пауза заминуваат со предност од 11-12.

Најзабележителна улога во првиот дел имаше одличниот голман на Вардар Дејан Милосављев, кој забележа 10 одбрани, а меѓу нив и три во низа за најавните шпици од првото коло во елитното натпреварување.