Еднаш вардарки, секогаш вардарки: Како колешките и го честитаа роденденот на Андреа Лекиќ (ФОТО)

Легендата за ракометарките кои оставија неизбришлива трага во дресот на Вардар ќе живее уште долго, а дека пријателството меѓу девојките кои го носеа „црвено-црниот“ дрес ќе биде вечно покажуваат и пораките кои секојдневно се појавуваат на социјалните мрежи.

Андреа Лекиќ денеска славеше роденден, а нејзините соиграчки од Вардар не го заборавија овој ден и упатија честитки на социјалните мрежи. Лекиќ беше ракометарка која важеше за една од омилените и меѓу фановите на Вардар, па затоа имаше голем број на честки до неа.

Затоа одлучивме дел од нив да ви ги презентираме тука и да видите како колешките на Лекиќ и го честитаа роденденот на Инстаграм и секако како изгледа сега кога дел од ракометарките веќе не се нејзини колешки во истата екипа туку играат во сосема други земји.

Во продолжение можете да видите дел од честитките за 31 роденден на Лекиќ која во новата сезона ќе го носи дресот на екипата на ЦСМ Букурешт од Романија каде за колешки има уште три ракометарки од ланскиот состав на Вардар, Јованка Радичевиќ, Драгана Цвијиќ и Барбара Лазовиќ.

ЧЕСТИТКАТА ОД ЈОВАНКА РАДИЧЕВИЌ

ЧЕСТИТКАТА ОД САРА РИСТОВСКА

ЧЕСТИТКАТА ОД ДРАГАНА ПЕТКОВСКА

Фото: Инстаграм