Едната црвена, другата црна амајлија: Дизајнерски патики на Лекиќ за среќа (ФОТО)

Ракометарките на Вардар против ЧСМ Букурешт ќе се обидат да ја срушат непријатната традиција која трае три години и за првпат да заиграат во финалето на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Средниот бек Андреа Лекиќ која има веќе една европска титула со Ѓер, ќе го има четвртиот обид со македонскиот шампион да дојде до финале, а потоа и до трофејот. Сите се надеваат дека годинава ќе биде скршен малерот, а можеби среќни ќе бидат и новите патики на Андреа Лекиќ, дизајнирани во препознатливите бои на македонскиот првак.