Еден „фармацевт“ во ТОП 5 стрелци во Лигата на шампионите (ФОТО)

Во најквалитетното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите, веќе се одиграа две рунди, кои донесоа возбудлив и квалитетен ракомет.

Вардар, како бранител на титулата, има две победи над Монпелје и над Порто, додека вториот македонски претставник Еурофарм Работник има два порази, можеби незаслужени, од по еден гол разлика.

Но и покрај тоа,средниот бек на „фармацевтите“ – Ловро Јотиќ, се наоѓа во ТОП 10 листата на стрелци по две одиграни кола од Лигата на шампионите. Хрватот постигна 13 голови, што е доволно за делба на 5 место.

Од вардарци, крилата Тимур Дибиров и Иван Чупиќ се на делба на 12 место со по 11 постигнати голови.