Еден тим, една соблекувална, многу спортови: Знаат ракомет, одбојка, но и фудбал (ВИДЕО)

Ракометарите секогаш знаеле да покажат дека покрај во оваа игра можат одлично да се снајдат и на теренот на неколку други спортови. Еден таков доказ беше презентиран и во соблекувалната на Целје, каде што ракометарите на овој клуб демонстрираа како може со топката во 13 секунди да одработат вештини и од одбојка и од фудбал.

Одлично снаодливи и со добра контрола тие не дозволија топката да падне така што ја задржаат со неколку додавања при што имаше елементи и од ракомет и од одбојка, но и од фудбал.