Еден од Шпанците го напушта ПИК Сегед

Шпанското десно крило Педро Родригез Алварез го напушта ПИК Сегед и ќе се приклучи на ривалот во лигата – Балатонфуреди.

По три години во унгарскиот шампион, 28- годишниот ракометар кој ја покрива десната крилна позиција, одлучи да си замине поради малата минутажа.

Тој потпиша договор со унгарскиот претставник во Купот на ЕХФ, Балатонфуреди, до летото во 2021 година.

Родригез во ПИК Сегед дојде од Ла Риоха во 2016 година, а претходно има настапувано и за Академиа Октавио и Куенка.