Еден од најдобрите ракометари на Горење заминува во Бундес лигата

Ракометнниот клуб Горење од следната сезона ќе остане без услугите на еден од своите најдобри ракометари.

Според пишувањата на словенечките медиуми десниот бек Нејц Цехте (25) веќе се договорил со бундеслигашот Хановер и во следните две сезони ќе настапува во Бундес лигата.

“Воопшто не се двоумев бидејки станува збор за клуб кој е предводен од одличниот стратег Карлос Ортега, кој ме посакуваше во својата екипа. Сакам да напредувам во кариерата, и да го почуствувам интернационалниот предизвик. Уште како мал имав желба да настапувам во некој странски клуб”-изјави Цехте.

Цехте оваа сезона со екипата на Горење настапи во групата Ц на Лигата на шампионите каде постигна 39 погодоци, а беше значајна алка на словенечкиот тим во настапите во СЕХА Лигата.