Еден Маркоски премалку за Орошази

Македонскиот репрезентативен игра во одлична форма пред стартот на подготовките со националната селекција за настап на ЕП во Хрватска. Иако неговиот тим Орошази загуби во унгарскиот Куп, сепак Маркоски беше најдобар поединец на теренот.

Тој постигна 6 голови и беше прв стрелец, но не можеше само против искусниот тим на Чурго, кој победи со 29:32 и се пласираше во полуфиналето на Купот на Унгарија, што практично е последен филтер пред Ф4, со оглед на тоа дека Веспрем и ПИК Сегед си директно на завршниот турнир.

Маркоски и Орошази ги очекуваат уште две тешки средби во шампионатот, на 17 декември дома против Егер, а на 20 му гостуваат на Веспрем во „македонскиот“ дуел против Манасков. Тоа значи дека Маркоски ќе се стави на располагање најрано на 22 декември на репрезентацијата.

Фото: Judit Rajki/OrosCafé.hu