Еден гол пресуди за победникот меѓу Риниа М и Преспа

Екипите на Риниа М и Преспа одиграа интересна средба во која и двете добија по едно полувреме. На крајот беше 31:30 за домашните, но лесно можеше епилогот да биде и поинаков.

Риниа го доби првиот дел од мечот со високи 14:7 и се чинеше дека овој резултат ќе гарантира сигурен тек во второто полувреме и ќе нема проблем да се обезбеди победа.

Сепак, само што почна второто полувреме гостите заиграа подобро и успеаја да израмнат на 16:16. Тука почна уште поубав дел од средбата со голема борба за секоја топка, но домашните постојано ја имаа предност.

Тие го имаа последниот напад за победа кој го реализираа, па бодовите останаа во Скопје.

РИНИА М – ПРЕСПА      31:30 (14:7)

Сала: ОУ „7 Март“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.

РИНИА М: Ш. Мемед, Туша, Сулејмани 6, Стојчевски 2, Салиу 4, Костовски 7, Гаши, Тахири, Латифи 4, Е. Мемед, Шулевски 5, Стојановски 3.

Седмерци: 2/7, Исклучувања: 6 мин.

ПРЕСПА: Беличевски, Шиклевски 5, Даскаловски 8, Шабединовски 1, Наумовски 4, Јошевски 6, Ѓоргиевски 1, Касовски, Камчев 3, Тунтевски 2.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 6 мин.