Европско првенство: Денеска е последната шанса за пласман во втората рунда

После денот одмор денеска на Европското првенство за кадети кое се игра во Хрватска ќе дојде до комплетирање на двете групи во кои ќе се разигрува за пласман во полуфиналето.

Тие осум селекции воедно ќе си го обезбедат местото на Мундијалот кој следното лето ќе се одржи во Македонија.

Од друга страна секој бод е важен бидејќи ќе се пренесуваат поени во следната рунда од турнирот. Во сите групи има неизвесност, а само Данска и Хрватска имаат сигурно место меѓу најдобрите осум.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТИ

3.КОЛО (ДЕНЕСКА)

ГРУПА А

18:30ч

ПОРТУГАЛИЈА – ИЗРАЕЛ

20:30ч

ХРВАТСКА – СРБИЈА

ТАБЕЛА: 1. Хрватска 4 бода (67:48); 2. Србија 3 (50:46); 3. Израел 1 (52:55); 4. Португалија 0 (42:62).

ГРУПА Б

14:30ч

ФРАНЦИЈА – ДАНСКА

16:30ч

НОРВЕШКА – РОМАНИЈА

ТАБЕЛА: 1. Данска 4 (54:46), 2. Франција 3 (60:59), 3. Романија 1 (52:54), 4. Норвешка 0 (53:60).

ГРУПА Ц

18:30ч

ГЕРМАНИЈА – ШПАНИЈА

20:30ч

РУСИЈА – УНГАРИЈА

ТАБЕЛА: 1. Германија 4 (50:38), 2. Шпанија 2 (51:37), 3. Унгарија 2 (40:48), 4. Русија 0 (35:53).

ГРУПА Д

14:30ч

СЛОВЕНИЈА – ИСЛАНД

16:30ч

ШВЕДСКА – ПОЛСКА

ТАБЕЛА: 1. Исланд 4 (54:44); 2. Шведска 2 (53:50); 2. Словенија 2 (53:51), 4. Полска 0 (42:57).