Европските ракометни гиганти ќе го промовираат ракометот во Обединетите Арапски Емирати (ФОТО)

На крајот на годината, поточно во декември месец 2018 година Дубаи ќе биде домаќин на ракометниот натпревар насловен како “500 Super Final HB Match”.

300x250

Европските ракометни гиганти и редовни учесници во Лигата на шампионите, Барселона и Киелце ќе одиграат меѓусебен дуел во импресивниот  “Hamdan Sports Komplex” кој претставува еден од најголемите и најспектакуларни мулти спортски комплекси во светот со капацитет од 15.000 гледачи.

Овој натпревар треба да претставува прв настан од четригодишната соработка ( 2018-2022 година) помеѓу Светската ракометна федерација (ИХФ) и Полската спортска маркетинг агенција (Team Player Management), за промоција на ракометот во Обединетите Арапски Емирати.

На прес конференцијата која се одржа на 23 јануари 2018 година  а на која свое учество земаа Генералниот секретар на Советот за спорт на Дубаи- Саед Хареб, организаторот на настанот-Славек Гебка, како и претставници од двата клуба вклучувајќи ги и ракометарите на Барселона-Ласе Андерсон и Ваел Жалуз и ракометарите на Келце-Кристоф Лијевски и Михал Јурецки беа претставени главните детали на настанот:

“Дубаи е домаќин на голем број на спектакуларни спортски настани, и се надеваме дека 500 Super Final ќе се најде на таа листа. Со нетрпение го очекуваме натпреварот помеѓу едни од двата најдобри европски ракометни клубови”- изјави Хареб.

Победникот од дуелот Барселона-Келце, ќе игра и наредната година на истиот овој настан каде за противник веќе е потврдена екипата на Веспрем.