Европскиот против светскиот првак за возбудлива втора рунда

Вториот дел од Светското првенство продолжува со натпреварите од М1 и М2 групите кои ќе се играат во Келн и во Хернинг. Според распоредот во првите три дена ќе има по две средби на така што во секоја од групите ќе има по две слободни репрезентации.

Многу поинтересно денеска ќе биде во Групата М1 каде од 18 часот има супер пресметка меѓу актуелните шампиони од последните две големи натпреварувања. Франција како Светски првак од 2017 година  и Шпанија како Европски шампион од 2018 година денеска ќе имаат голем дуел во Келн и ова ќе биде дефинитивно интересна пресметка која ќе биде убаво да се погледне.

На другите средби фаворитите се познати предвреме. Германија е во предност во однос на Исланд, Шведска против Тунис, а Данска против селекцијата на Унгарија.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2019

ВТОРА ФАЗА

ГРУПА М1 (КЕЛН)

САБОТА,19.01.2019

18:00ч

ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА

20:30ч

ГЕРМАНИЈА – ИСЛАНД

ТАБЕЛА: 1. Хрватска 4 бода (54:46); 2. Германија 3 (59:46); 3. Франција 3 (49:47); 4. Шпанија 2 (51:48); 5. Исланд 0 (52:63); 6. Бразил 0 (43:58).

ГРУПА М2 (ХЕРНИНГ)

САБОТА, 19.01.2019

18:00ч

ТУНИС – ШВЕДСКА

20:30ч

ДАНСКА – УНГАРИЈА

ТАБЕЛА: 1. Данска 4 бода (66:48); 2. Шведска 4 (60:54); 3. Норвешка 2 (60:54); 4. Унгарија 1 (60:63); 5. Египет 1 (54:57); 6. Тунис 0 (46:70).