Европскиот првак непрепознатлив: Рајн Некар го растури Монпелје

Продолжува лошата серија на европскиот првак Монпелје и по седум кола. Тимот на Рајн Некар Левен славеше во првата пресметка од Лигата на шампионите против францускиот состав со убедливи 37-27.

„Лавовите“ на стартот тргнаа агресивно, се одлепија на 3-0 и Монпелје во продолжение бркаше негатива. Рајн Некар водеше со +6, но европскиот првак успеа да ја преполови негативата до крајот на првото полувреме.

Германскиот вицепрвак не дозволи изненадување во вториот дел се одлепи, лесно го приведе мечот до крајот и го затвори со конечни 37-27. Најдобар кај победничкиот состав беше Сигурдсон со 11 голови, Колбахер постигна девет, додека Шмид погоди пет пати.

Македонскиот репрезентативец Филип Талески не се запиша во листа на стрелци. Кај Монпелје, десниот бек Мелвин Ричардсон беше стрелец на десет голови.