Европскиот првак на колена: Хрватска ја запре „фуријата“ и со максимум оди во Келн

Репрезентативците на Хрватска дојдоа до петтата победа во петтиот натпревар на Светското првенство и влегоа во Втората фаза на шампионатот со максимални четири поени. Хрватите денеска славеа со 23:19 и на тој начин покажаа дека кога се комплетни можат да победуваат против секого и најавуваат кандидатура за висок пласман на крајот од турнирот.

Во текот на целиот натпревар имаше големо надигрување. И едниот и другиот состав имаа свои моменти. Успеаја да се изборат за водство кое им даваше можност за да се надигруваат со противникот и постојано беа во предност. Во ниту еден момент не го доведоа во прашање своето водство бидејќи со добра одбрана едноставно ја стопираа играта на противникот.

Сите обиди на Шпанија да дојде до подобар резултат не даваа резултат. После 7:7 целосно се сруши играта и со серија од 5:0 селекцијата на Хрватска отиде на убава позитива и до паузата се чуваше убавата предност. Сепак, на одмор резултатот беше 13:10 во корист на Хрватите кои можеа мирно да ги дочекаат вторите 30 минути.

Продолжението донесе голема борба. Шпанците се обидува да дојдат до враќање во мечот, но освен што намалија на два гола разлика друго не успеаја. Во ниту еден момент Хрватска не дозволи „фуријата“ да стигне до гол негатива и со паметна игра успеа да го задржи водството кое на крајот донесе победа за прво место во групата и четири бода за старт на вториот круг.

Своја вечер имаше Златко Хорват, кој беше непогрешлив. Постигна осум гола од осум удари, а зад него со шест погодоци беше пивотот Жељко Муса. Во таборот на Шпанија со пет гола најефикасен беше Феран Соле.