Европската титула би била најубав роденденски подарок за Кликовац (ФОТО)

Ракометарките на Вардар веќе се во Будимпешта, каде што ќе се борат по четврти па за пласман во финалето на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. По пропуштените шанси претходните три сезони, сега вардарки ќе сакаат да му се одмаздат на ЧСМ Букурешт за ланскиот пораз.

Една од столбовите во одбраната, Андреа Кликовац, денеска го слави својот роденден, а нема сомнеж дека нејзина најголема желба, е со европската титула да си го честита. Нејзините колешки од тимот и приредија мало изненадување.