Евгениј Трефилов за 24 Ракомет ТВ: На вардарки им треба возбуда за круна во ЛШ (ВИДЕО)

Селекторот на Русија, Евгениј Трефилов веднаш после Светското првенство во Германија ја доби довербата за продолжување на неговата работа со националниот тим и тој останува на кормилото на „зборнаја“ која втор шампионат по ред заврши на 5. позиција.

300x250

Еден од најдобрите тренери на женски тимови на сите времиња, има убави зборови и за Македонија и за Вардар, а вели дека на „црвено-црните“ им недостига малку повеќе возбуда на теренот за да можат да ја нападнат круната во Лигата на шампионите.

„Вардар има добри ракометарки и одлични услови… Можеби недостига малку повеќе живост на теренот. Кога човекот се чувствува сигурно нему не му треба ништо повеќе. Затоа е потребно некогаш да се уфрли повеќе возбуда и да се стимулира мотивот“, вели Трефилов за 24 Ракомет ТВ.

Тој смета дека Македонија е одлична земја за ракометарите и поради условите коишто ги имаат тука и за живот тие се решаваат да дојдат во Скопје.

„Во Македонија е убаво и мирно. Секогаш може да се зборува и на руски, а таму каде што ракометарите и ракометарките се чувствуваат комфорно, таму сакаат и да играат. Како што велат: ’Рибата бара повеќе длабочина, а играчот оди таму каде што е подобро’, коментираше Трефилов за 24 Ракомет ТВ.

Комплетното интервју со Трефилов можете да го проследите во продолжение.