Душебаев: Од првата до последната минута бевме подобри од Франција, во финале сакаме само злато!

Шпанија е првиот финалист на ЕП во Хрватска откако момците на Жорди Ривера славеа над Франџија со резултат 27-23.

Фуријата имаше комплетна доминација во текот на целиот натпревар и сосема заслужено ќе биде дел од големото финале.

Поранешниот вардарец Алекс Душебаев смета дека одличниот старт на натпреварот делуваше психолошки на противникот и во голема мерка го олесни патот кон финалето.

“Мислам дека денеска одигравме фантастичен натпревар. Од првата до послената минута бевме малку подобри од Франција. Имавме голема предност од самиот старт, но против репрезентација како Франција не смееш да паднеш во играта во ниту еден момент. Тие се топ репрезентација и доколку се опуштиш и пет минути тие ќе се вратат во игра. Ние одигравме тимски, гризевме во текот на целиот напревар и така победивме.

Според Душебаев одличниот старт на натпреварот беше еден од клучните фактори за победата.

“Кога играш против репрезентации како Франција секогаш е важен психолошкиот момент кога добро ќе го стартуваш натпреварот. Тогаш имаш многу поголеми шанси за победа”.

Душебаев не заборави да ја спомене и дополнителната инекција која со трите одбранети пенали им ја даде Арпад Штербик на него и неговите соиграчи.

“Можеби изгледа кратко бидејќи влезе да брани само пенали, но како само брани пенали..денес и Коралес беше фантастичен но Арпад многу му помогна бранејки 3 пенали од пет, на крајот тоа се три погодици кои на крајот се многу важни.”

Во однос на финалниот натпревар, Душебаев категоричен:

” Имаме сребро во џеб, но сакаме само злато”.