Душебаев за 24Ракомет ТВ: Си одам како европски првак, но секогаш ќе навивам за Вардар (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Вардар испиша нова страница во клупската историја со победата над ПСЖ во финалето. „Црвено-црниот“ тим се искачи на врвот на Европа. Во трилер натпревар, избраниците на Раул Гонзалес со голот на Чупиќ во последната секунда го срушија составот на ПСЖ и во дебитантскиот настап на Ф4 се искачија на највисокото место на пиедесталот. Десниот бек Алекс Душебаев вели дека нема подобар начин да си замине од Вардар од освојувањето на европската титула. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…