Душебаев за 24Ракомет ТВ: Не му дадовме никаква шанса на Целје (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар го победија словенечкиот првак Целје Пивоварна Лашко со 35:30 и успешно го положија првиот од трите преостанати испити во Лигата на шампионите. Гостите успешно парираа само во почетните минути, а потоа вардарци се одлепија и тешко беше за нив да го бркаат резултатот. Најдобар поединец во вардаровите редови беше Алекс Душебаев со 8 голови. Тој смета дека неговите соиграчи заедно со него одиграа одличен натпревар и во ниту едне момент немало опуштање. Целосната изјава погледнете ја во продолжение…