Душебаев за 24Ракомет ТВ: Бахреин не е наивен (ВИДЕО)

Шпанија стартуваше триумфално на Мундијалот во Германија и Данска, откако славеше над Бахреин со убедливи 23-33. Поранешниот вардарец Алекс Душебаев упати порака до македонските репрезентативци дека мораат да бидат максимално концентрирани за да стигнат до победа против Бахреин.

„Тие воопшто не се наивен противник, играат атипичен ракомет за европските терени и многу се незгодни. Македонија мора да биде максимално концентрирана за да оствари победа“, вели Душебаев.

Целосната изјава на десниот бек погледнете ја во видео прилогот…

Шпанија во второто коло ќе се сретне со Исланд, Македонија ќе игра против Бахреин, додека Хрватска ќе оди на мегдан на Јапонија.