Душебаев за 24Ракомет: Лука и Алекс направија историја со Вардар, но имаме среќа што сега се кај нас (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар денеска го играат последниот натпревар оваа година во Лигата на шампионите, а противник е полскиот шампион Келце. Вардарци загубија на првиот натпревар во Полска и сега посакуваат одмазда за тој пораз.

Келце по поразот од Барселона на домашен терен исто така ќе бара рехабилитација, но против себе освен вардарци ќе ја има и многубројната публика во СЦ „Јане Сандански“.

Тренерот на полскиот тим, Талант Душебаев вели дека очекува интересен натпревар бидејќи ќе играат две екипи што ја освоиле ЛШ во последните сезони.

„Ќе биде интересен натпревар иако двете екипи имаат проблеми со повреди. Станува збор за две екипи што последните сезони имаат титули во Лигата на шампионите“, вели Душебаев.

Целосната изјава на тренерот на Келце погледнете ја во видео прилогот…