Дувњак дефинитивно загубен за првиот круг, неизвесен за втората фаза

Капитенот на репрезентацијата на Хрватска, Домагој Дувњак ги доби наодите од прегледите после повреда на мечот против Србија. Дувњак мораше да ја напушти средбата поради болки во ногата, а наодите велат дека нема да може да игра до крајот на првата фаза.

„После направените прегледи информациите не се позитивни. Дувњак има хематом на листот на десната нога. Повредата е сериозна и веќе почнавме со рехабилитација. Неблагодарно е да коментираме колку време ќе биде потребно за Дувњак да се врати на терен“, вели доктор Кремишим Ротим.

Она што е јасно е дека Дувњак нема да може да игра до крајот на првата фаза. Ќе ги пропушти средбите против Исланд и против Шведска, но никој не може да потврди или да демантира околу тоа дали ќе биде подготвен за да се игра во вториот круг.