Дувњак го смирува Червар: Ќе играм на ЕП!

Еден од најголемите адути на Хрватска, Домагој Дувњак пред неколку денови го направи сензационалниот камбек на теренот, иако му се предвидуваше поголема пауза, а како што вели доколку се поминува според планот, ќе биде дел и од селекцијата на „коцкестите“ на ЕП. Тој се врати на терен по 227 денови поради повредата на коленото и погоди 3 пати за 10 минути против Хутенберг во Бундес лигата. Како што во една прилика изјави Червар, националниот тим не е ист со и без средниот бек.

„Пресреќен сум што се вратив на теренот. Цел ден бев нервозен, нозете ми се тресеа од страв и возбуда. Благодарам на неверојатниот дочек, во првите минути на паркетот, се чувствував како дебитант. Коленото издржа, добро е. Секако дека ќе играм на ЕП!“ – изјави Дувњак.

Хрватска ќе игра во Групата А во Сплит, против Србија, Шведска и Исланд.