Дресот го замени со костум: Борко Ристовски направи свадба за паметење (ФОТО)

Голманот на македонската репрезентација Борко Ристовски, откако минатата година склучи граѓански брак, конечно ја направи и свадбената веселба за најблиските пријатели, соиграчи и роднини.

Покрај подготовките за Светското првенство и настапот во Германија и Данска, тој се подготвуваше и за еден поинаков предизвик. Забавата на Борко и неговата избраничка Николина се случи во еден скопски хотел во центарот на градот.

Невестата беше облечена во класичен и елегантен  фустан со тантела, а Борко во костум со сина кравата. За гостите да уживаат се погрижија нашите познати пејачи Наум Петрески и Ѓоко Танески, како и српската женска атракција Фрајле.

Нашите ракометари ќе добијат уште еден слободен ден за Божиќните празници, по што ќе се подготвуваат за заминувањето во Минхен на 9 јануари.